Од:

УЈП листа на должници: МРТ треба да плати 1,4 милиони евра данок

Управата за јавни приходи ја објави четвртата листа на должници за 2017 година. На листата има илјадници фирми од цела Македонија кои се занимаваат со различни дејности.

Станува збор за листа за долгови доспеани до 31.12.2016 година и неплатени до 31.03.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Македонската радиотелевизија должи 91,832,757 денари или 1.4 милиони евра за неплатен Данок на добивка, објави Управата за јавни приходи.

На сите листи има исти субјекти кои се појавуваат како должници.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.