Од:

Уметничка акција: Кабини за дишење воздух во Скопје

Во знак на поддршка на напорите на граѓаните и еколошките организации за решавање на проблемот со енормното загадување во Скопје, екипата наречена “Урбани уметнички акции” постави 2 кабини за дишење на планински воздух во Скопје- во Буњаковец и кај пазарчето во Аеродром.

Со оваа акција сакаме да помогнеме на граѓаните барем малку да подишат чист воздух. Акцијата ќе продолжи и наредните денови и ќе се носи нов свеж планински воздух. По Скопје акцијата ќе биде спроведена и во Тетово.