Од:

Уметници од младата косовска сцена со перформанс во Мала Станица

Голем перформанс на млади уметници од Косово, како дел од проектот под наслов АР 2016 (YOUNG ART 2016), ќе се случува вечерва во 19 часот во галеријата на Мала станица. Перформансот е дел од изложбата на Националната галерија на Косово.

Перформансот во живо е на колективот насловен Haveit, составен од 4 креативки чии проекти, видеа, перформанси се социјално ангажирани, борбата за социјална и родова еднаквост на жените во патријархално Косово, против стереотипите и супрематот на машката популација во општеството.

Ова е досега најдобриот проект реализиран на Косово во сверата на современата концептуална уметност. Прогласен е за најдобар заради тое што е една од ретките изложби специјализирана за млади уметници до 40 години, организиран е по светски стандарди, а за сето тоа оценет е од три независни комисии, сите три независни од Националната галерија и Министерството за култура на Косово.

Интерактивните дела на петте учесници на изложбата ја преставуваат младата косовска сцена која полека но сигурна го зазема своето место во светските трендови на уметничката сцена.

За оваа изложба е направена селекција од целиот проект прикажана преку пет автори и уметнички групни: Агрон Блакчори (првонаграден), Бујар Сулејмани, Колективот Haveit, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари. Куратори на проектот се Луизим Зекири и Мехмет Бехлули.