Од:

Урбан Фест или денови кога статуите во Скопје ќе „оживеат“

На 28 и 29 април (петок и сабота) во Скопје ќе се одржи несекојдневен фестивалски спектакл на живи статуи – „Урбан Фест“.

Ова име фестивалот го доби, бидејќи на него нема да настапуваат само живи статуи, иако тие ќе бидат најприсутни.

Во двата фестивалски дена, артисти од речиси цела Европа, кои се веќе проверени и докажани на светско ниво, успешни со години во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.

Фестивалот започнува во петок во 19:00 часот. Во сабота е предвидена целодневна фестивалска програма, почнувајќи од 13:30 часот, па се до 23:30 часот.

Настапот на живите статуи и во двата дена почнува во истиот термин од 19: 00 часот и завршува во 21:00ч.

За време на настапот на живите статуи свој музички сет ќе имаат и DJ Оги и DJ Маци од 19 до 22:30 часот.

 

Во 13:30 часот во сабота во попладне за време на концертот на џез составот од Скопје „Летечки Пекинезери“ ќе настапат и аритстите од „Европски Статуа Проект“ во кој свое учсетво земаат повеќмина артисти кои директно ја анимираат публиката присутна на местото каде што се случува фестивалот.

Во текот на денот свој музички сет ќе имаат и локалните DJ – и DJ Бугимен и DJ Шурбе.

Во 21:00 часот почнува концертот на вокалноинструменталниот состав „Фолтин“ кој ќе трае до 22:30 часот.

На Урбан Фест ќе учествуваат и младите Сараeвчани „Бетонци“, веќе докажани со својата уметност. „Бетонци“ во текот на двата фестивалски дена ќе цртаат 3D ликовна уметност на „Сквер Јадран“.

 

Урбан Фест се одржува под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ продукција за улична уметност од Скопје.