Од:

Успешна аукциска вечер за децата на поранешни корисници на дрога

Многу хумани луѓе се собраа на аукциската вечер која беше организирана за собирање на средства за децата чии родители се поранешни или лекувани корисници на дроги и сексуални работници. На аукцијата се продадоа сите уметнички дела од македонски сликари, како и од деца кои учествуваат во работилниците во Центарот за рехабилитација и ресоцијализација  на поранешни корисници на дрога при ХОПС.

Поделена на тивка и на аукција која ја водеше актерот Сашко Коцев, беше мотивација делата да се продадат експресно. На аукциската вечер имаше и различни изработки, маици, чаши, лампи, фотографии, накит, книги, како и кутија за донирање на средства.

„Како недостиг на финансии имаме потреба да мрдаме со прст и да направиме нови акции за да можат нашите дечиња да продолжат да доаѓаат во дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме и посети на културни и социјални активности“, велат организаторите.

За вечерта да биде поубава и поуспешна ја збогати Александар Матовски-Цако со пуштање на музика од неговата плеј листа. Организаторот ХОПС, заедно со Мрдни со прст рекоа дека се многу задоволни од успехот на целиот настан и најавија дека ќе излезат со прецизни податоци за тоа колку средства се собрани за дечињата и како ќе бидат потрошени.