Од:

Уставниот суд денеска расправа за субвенциите на земјоделците

Уставниот суд денеска ќе расправа по иницијативата од земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се оспоруваат одредбите од членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција според кои е забранета исплата на субвенции се до фомрирање нова Влада.

Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.

Уставниот суд пред една недела донесе времена мерка со која се запира извршување на законски решенија до конечната одлука на судот, што практично значи дека субвенциите може да се исплаќаат до конечната одлука на судот.

Но, Министерството за финансии бара одлука на Уставен за да ги исплати субвенциите.

Државата на земјоделците им должи субвенции за 2016 година, а на некои земјодлеци и за 2014 и 2015 година. Вкупниот долг на државата кон земјоделците изнесува 92 милиони евра, кои како што изјавија одговорните, се обезбедени и се чека само дозволата на министерот за финансии тие да легнат на сметките на земјоделците.