Од:

Уставниот суд одлучи: Земјоделските субвенции може да се исплаќаат

Субвенциите за земјоделство можат да се исплаќаат. Уставниот суд донесе конечна одлука – ги укина одредбите од Изборникот законик со кои беше забранета исплатата на субвенциите за земјоделство до формирање на нова Влада.

Од Уставен образложуваат дека одлуката е донесена поради тоа што сегашните законски одредби биле нејасни и спротивни на Уставот. Од Министерството за финансии велат дека исплатата ќе почне кога ќе се објави одлуката во Службен весник.

„По официјално објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник таа стапува на сила и Министерствотои за финансии ќе пристапи кон исплата на субвенциите согласно динамиката предложена од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“ – велат од Министерство за финансии.

За конечната одлука гласаше мнозинството уставни судии, иако уставните судии имаа спротиставени ставови. Дел образложија дека сегашните одредби се непрецизни и спротивни на уставните одредби, а дел, пак, од уставните судии посочија дека со конечната одлука се отвора можност за злоупотреба на исплатата на субвенциите во следни изборни циклуси.

Земјоделците ги чекаат субвенциите седум месеци. Засега е непознато кога одлуката ќе се објави во Службен венсик. Ако се објави пред формирањето на новата Влада тогаш исплатата треба да ја спроведе актуелната техничка влада. Но ако се објави по формирањето, тогаш новата Влада ќе треба да им ги исплати парите на земјоделците.



Comments are closed.