Од:

Утре прв средношколски марш и во Битола

Почнувајќи пред медицинското училиште „д-р Јован Калаузи“, средношколците од Битола го најавија првиот средношколци марш за утре со почеток во 12:00 часот.

Средношколците имаат две барања: укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот модел на државна матура. Велат дека излегуваат на марш, затоа што истите беа игнорирани од Министерството за образование и наука и протести ќе организираат се додека надлежните не ги разгледаат сериозно нивните укажувања за недостатоците во новиот концепт на државна матура.

Освен во Битола, маршеви и за неделава, втора по ред се закажани во повеќе градови во земјава. , а според извори на НОВА се очекува и втор масовен средношколски протест во Тетово за некој од наредниве денови.

Досега средношколците одржаа маршеви во Скопје, Куманово, Велес, Кочани, Ресен, Тетово и Македонска Каменица.

Во меѓувреме, претставници на Средношколскиот пленум поднесе лично поднесоа барање до Министерството за образование и наука и до Бирото за развој на образованието за законските одредби за екстерно тестирање да се стават во мирување.

„Екстерното тестирање е спротивно на европските образовни стандарди, неспроведливо е, и е дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги разрешат образовните проблеми во државава! Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може, и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа.

Поради тоа, Средношколскиот пленум бара одредбите од Законите за основно и средно образование кои се однесуваат на екстерното тестирање, итно и неодложно да бидат ставени во мирување! Понатаму, повикуваме на влегување во сеопфатна дебата, заснована на аргументи поткрепени со податоци и факти, со јасен концепт за очекуваните резултати и начинот на кој истите ќе бидат спроведени. Дебата во која ќе бидеме вклучени ние, учениците, како и наставниците, кои го сочинуваат столбот на образовниот систем не само во нашата, туку во која било демократска држава“, стои во барањето на Пленумот.

НОВА побара од министерството за образование да се изјаснат дали министерот Адеми е запознаен дека средношколците во повеќе градови протестираат, дали ќе постапи по нивните барања и дали ќе отвори сеопфатна дебата околу реформите во основното и средното образование. Одговор на нашите прашања од ресорното министерство сè уште нема.

Освен средношколците, и наставниците од Наставничкиот пленум бараат повлекување на измените во законот за средно образование.