Од:

Утрово нов потрес, земјотрес е почувствуван во Прилеп

Земјотрес утрово е почувствуван во Прилеп.  Граѓаните потресот го почувствувале во 7.40 часот.

Се работи за земјотрес на границата меѓу Македонија и Грција, со јачина од 3,9 степени.

Вчера земјотрес од соседна Албанија со јачина од 5.2 степени беше почувствуван и во Македонија. Граѓаните во северозападна Македонија го почувствуваа потресот.