Од:

Ужас во Африка: Фудбалска надеж заврши како жртва на крокодил

Естевао Алберто Џино, 19 годишен фудбалер на аматерската екипа Атлетико Минеиро де Тете, смртно настрада при напад на крокодил. Рептилот го демнел несреќното момче додека џогирало крај реката Замбези, објави клубот на „Фејсбук“.

„Крокодилот наеднаш го фатил момчето за половина и се повлекол во вода. Двајца негови пријатели слушнале врискање, но биле немоќни да сторат нешто. Животното било долго околу пет метри“, изјави Еди Карвалјо, тренер на Атлетико Минеиро де Тете.

Во клубот се шокирани од настанот и со неверување ја примија ужасната вест.

„Во тага сме за нашиот фудбалер, брат, син и пријател Естевао Алберто Џино. Имаше само 19 години и ветувачка иднина, а заврши како жртва на крокодил. Ова е ненадоместлива загуба за сите нас. Беше пример за послушност и почит. Останува голема празнина во нашите животи“,