Од:

Вајгл: Осуда на нападите против граѓанското општество

Балканци, преземете одговорност за стабилноста на регионот и фокусирајте се на процесот за европска интергација. Ова е пораката која денес пристигна од ЕУ а ја испрати Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија од групата на либералите. Причината за оваа реакција се лошите вести кои доаѓаат од Балканот и кои укажуваат на растечки тензии во регионот.

Вајгл испраќа пред се пораки до Македонија, до Србија, до Косово и до Босна и Херцеговина без да цитира имиња на земји и без да посочува одредени настани.

ЕП преку Вајгл им ја дава сета поддршка на граѓанските организации кои “играат клучна улога во почитувањето на демократските норми”.

“Ние силно ги осудуваме неодамешните напади против активистите на граѓанското општество и бараме од властите да бдеат врз правната држава и да ги изведат пред правдата сите автори на овие напади”, вели Вајгл.

Оваа порака се однесува на нападите врз фондацијата Сорос пред се во Македонија но и во Србија. Вајгл смета дека фундаменталните права и слободата на медиумите треба да бидат сочувани и “растечкиот авторитаризам во политиката” треба да престане да расте.

“Изјавите на некои лидери се исклучително загрижувачки и не можат да бидат оправдани со доближувањето на изборни кампањи. Секоја националистичка и воена реторика мора да биде силно осудена од сите регионални и европски лидери. Во регионот повеќе нема да има менување на границите”, вели Вајгл.

И додава дека на Балканот му треба подобра интеграција и подобри трговски односи како за да се залечат раните од војните во 90те години.

“Будењето на старите полемики нема да му помогне на Балканот да оди напред по европскиот пат. Од најголема важност е да се стави крај на изјавите со кои се понижуваат соседите и фокусирање врз структурните реформи кои се неопходни за економиите”, вели Вајлг.

Европскиот пратеник побара да се отвори дебата за најновите настани на Балканот во Комисијата за надворешни работи на ЕП на 24 јануари.



Comments are closed.