Од:

Вајгл за НОВА: Македонија веќе има реформска агенда, неопходна е Влада

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент (ЕП), Иво Вајгл по дебатата за Македонија која попладнево се одржа во ЕП, за НОВА вели неопходно е да се формира нова Влада во земјава.

Тој смета дека кога веќе онаа партија што освоила најмногу гласови на изборите, не успеала да состави власт, тогаш шансата оди кај другиот.

АУДИО: Вајгл за политичката ситуација во Македониија по денешната дебата во Европскиот Парламент

Според Вајгл, приоритетите за Македонија веќе се ставени во документ и дека итно треба да почне реформската агенда.

„Никој нема да биде апсолутен победник на изборите ако владата и опозицијата не успеат да соработуваат. Македонија така би паднала на политичкиот тест“, напоменува европратеникот.