Од:

Вангеловски одби пред камери да зборува за притворот на Кочан

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски денеска одби пред камери да одговори на прашањата поврзани со одлуката да се укине притворот за бизнисменот Сеад Кочан.

Вангеловски не сакаше да каже дали имал притисоци од членови на ВМРО-ДПМНЕ за да донесе одлука со која се укинува притворот за Кочан, и одби да каже дали ја злоупотребил службената положба со одлуката за притворот.

„На вакво прашање кое очигледно е многу тенденциозно и надвор од темата, одбивам да дадам одговор. Нема причина на оваа седница да одговарам на конкретни прашања“, рече Вангеловски.

Вангеловски рече дека не бега од изјава во камера, но сепак одлучи да даде изјава, туку закажа брифинг за новинари на кој не присуствуваат камери.

Врховниот суд денеска одржува проширена општа седница на која ќе бидат разгледани извештаите за работа на судовите за 2016 година.

Голем дел од новинарите денеска одлучија да го бојкотираат брифингот на Вангеловски, поради тоа што претседателот на највисокиот суд во државата одбива за прашања од јавен интерес да зборува пред камери.