Од:

Ванхауте: Поуки за Македонија- демократија во изработка

Питер Ванхауте, посредникот на ЕУ во изработката на Договорот од Пржино, денеска на својот блог објави текст со наслов „Поуки (лекции) за Македонија: Демократија во изработка (дел 1)“

„По изборите вие сте најголемата партија, што сега? Во демократија со пропорционален изборен модел, ова е само првиот чекор. По изборите на 11 декември, никој во Македонија нема апсолутно мнозинство, иако една политичка партија се однесува како да има.

Не, немате! Уште полошо: партиите кои ја сочинуваа владата во последните години, изгубија многу од нивната поддршка, вкупно, 19 места во Собранието. Во нормална демократија ова не се доживува како победа, напротив ова е голем пораз – сериозна казна на изборите. Како последица на ова би требало да се повлечете и да ја препуштите иницијативата за формирање на нова влада на вистинските победници“, пишува Ванхауте.

Поранешниот претходник пишува дека поради тоа што никој нема апсолутно мнозинство, мнозинството мора да се создаде во коалиција со партнери, кои се согласни заедно со вас да формираат влада.

„Партнери може да бидат и некои од партиите кои до сега биле во владата – со оглед дека се неопходни за да се оформи стабилно мнозинство. Мора да се договорите и да сте согласни со коалиционите партнери.

Оттука, мора да изготвите програма – вие и коалиционите партнери – и сите да сте согласни на истата. Програмата не  треба да ги вклучува вашите лични идеи, туку главните прашања поради кои граѓаните ве гласаа  како основни приоритети“, смета Ванхауте.

Тој додава дека политичарите и нивните партии се служба на граѓаните и не треба да си служат на сопствените интереси.

„Конечно, мора да ја поделите работата: кој преземе кое министерство, кој ќе биде премиер и кој ќе биде Претседател на Собранието.

Стабилен баланс помеѓу политичките партии на власт е неопходен: не може се да имате. Не е здраво сите партии да ги сакаат сите места (претседател, премиер и претседател на собрание)“, пишува поранешниот посредник.

Во својот блог, Ванхауте пишува посебен дел насловен како „За македонскиот случај“.

„Конкретниот случај во кој се наоѓа Македонија: дали сакате да формирате влада со партија која уште сега се заканува на граѓаните, повикувајќи ги на линч за сите кои размислуваат различно од нив или кои сведочеле изборни нерегуларности, притискајќи ги институциите, не дозволувајќи им да си ја вршат законската задача?

Што ви гарантира дека оваа партија нема утре да ви се заканува на истиот начин откако ќе оформи влада? Веројатен заклучок од перспектива на помалите партии: ајде да формираме влада со малку помалите партии. Барем, тие ќе не слушаат, нас помалите партии во коалицијата. Ќе имаме можност да оформиме постабилна влада во која сите ќе имаме поголем глас и програма во која заедно учествуваме.

Големите партии -слоновите – најчесто ги надгласуваат помалите партии и ги наметнуваат сопствените агенди и ставови за се – „затоа што тие се најголеми“- како што бил случајот со претходната влада. Дали тоа значи дека најголемата партија треба да оди во опозиција? Да, ова е многу можно. Лек за опозицијата е здрав гест на скромност и дозволува да се осврнете на својата позиција“, пишува Ванхауте.



Comments are closed.