Од:

Верувале или не: Најголем проблем во Финска се високите плати

Финските синдикати предупредуваат дека високите плати во оваа земја претставуваат проблем на конкурентноста на стопанството.

Вели Мати Матила, претседателот на Конфедерацијата на финската идустрија вели дека платите на вработените во оваа земја се за 10 до 15 проценти поголеми во однос на некои други развиени земји на Европската унија.

Матила смета дека Финска мора да продолжи со политиката на умерени плати и да ги преземе потребните мерки за да ги намали трошоците на трудот за да фати чекор со клучните ривали, како што се Германија и Шведска.

Сепак, одредени синдикати предупредуваат дека политиката на умереност на платите би можела дополнително да го искомплицира претстојниот круг на колективни преговори во одредени сектори.

И аналитичарите сметаат дека барањата за пониски плати се премногу наивен пристап со кој се промовира духот на соработка, бидејќи тоа може да има негативно влијание врз развојот на економијата во земјата.