Од:

(ВИДЕО) Дали прераспределбата на судиите е за да се закочи СЈО

Со годишниот распоред за работата на судиите во Кривичниот суд, десетина судии од кривична материја се префрлија во одделението за прекршоци.

Откако во јавноста се дозна за прераспределбата, со која речиси сите судии кои на некој начин ја помогнаа работата на Специјалното јавно обвинителство, беа тргнати од своите позиции во јавноста се погласно се зборува дека промената на судиите е направена само за да се закочи работата на СЈО.

Од судот се зачудени од интересот на јавноста и новинарите за Годишниот распоред на судот. Велат дека проценката кој судија во кој оддел или одделение ќе биде распореден е законски утврдена и е право на претседателот или в.д. претседател на судот, па оттаму нејасни се дезинформациите за некакво задоволување на желбите или чистка на одредени судии.