Од:

(ВИДЕО) Европарламентарците со остри реакции за затворањето на ЦЕУ

Пред неколку дена парламентот во Унгарија ги усвои измените во Законот за високо образовани. Со оваа одлука невозможно е Централниот европски универзитет да продолжи со работа. По низата на недемократските одлуки кои ги донесе владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, во која се вбројува и последната одлука за Законот за високо образование, европарламентарците не штедат зборови и апели да се повлече оваа одлука.