Од:

(ВИДЕО ХРОНОЛОГИЈА) Обоени и запалени ликовите на Груевски и Иванов

Поддршка за СЈО, говори за слободна Македонија и боите врз ликовите на екс-премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов, го одбележаа 14.ден од Шарената Револуција. Протестите започнаа пред седиштетото на Специјалното јавно обвинителство па продолжија до Собранието.

55Пред присутните кај Собранието говор одржаа уметницата Дороти Пачкова и пратеникот во Законодавниот дом од редовите на СДСМ, Стефан Богоев, кои порачаа дека протестите го носат белегот на слободата и потребна е пдообра иднина за идните генерации.

Потоа протестот продолжи кон Владата на Република Македонија  каде се фрлаше боја врз ликовите на Груевски и Иванов испринтани на плакат а беа запалени и фотографии од двајцата.

Како и претходните денови, пораките кои граѓаните ги искажаа се дека нема мир додека нема правда во земјава, повторно побараа оставка од Иванов и побараа полицијата да застане од страната на граѓаните.

 

Повеќе за денешните случувања може да се погледне во видеото.

Демонстрантите кои се дел од популарно наречената Шарена револуција бараат  итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Освен тоа тие бараат:

– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

 

poraka