Од:

(ВИДЕО) ЛШ: Судиите во фокусот пред полуфиналните натпревари

Двата гола што ги постигна Кристијано Роналдо во продолжението на реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн, за конечните 4-2 или вкупни 6-4 за Реал Мандрид во овој дуел, предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи. Некои од фудбалерите на Баерн по натпреварот на своите профили ги исмеваа судиите и нивните спорни одлуки.

Во регуларниот дел, натпреварот заврши со резултат 1-2 во корист на Баерн, но во продолженијата германскиот тим влезе со играч помалку бидејќи во 84.минута Артуро Видал доби втор жолт картон.

А потоа следуваа два шока за Баерн. Во 105.минута Роналдо се најде во недозволена позција кога Серхио Рамос му ја упати топката, но судиите не го видоа тоа, по што Португалецот го постигна својот втор гол на овој меч за 2-2. Пет минути потоа, Роналдо за половина чекор беше пред Марсело кога тој во контра го проигра за 3-2.

Франк Рибери беше бесен на теренот, а потоа го дочека крајот на мечот со иронична насмевка за Виктор Касаи и за неговите колеги. По завршувањето на натпреварот, фудбалерот на Баерн на Инстаграм постираше обработени фотографии од спорните ситуации, покажувајќи дека „офсајдот не важи за Роналдо“ .