Од:

(ВИДЕО) „Македонија, земја на социјална неправда“


Како дел од проектот „Солидарност, ударна тупаница во борбата против сиромаштијата“, кој е спроведен од 8-ми Септември, а поддржан од Фондација Отворено општетсво – Македонија, документарниот филм „Македонија земја на социјалната неправда“ прикажува сведоштва од луѓе за нефункционалниот систем на социјална заштита.

Во документарниот филм, во авторство на активистот Џелал Хоџиќ, се наведуваат податоци дека, во Македонија јазот помеѓу богатите и сиромашните е најголем во цела Европа и поранешните земји на СССР.

Дополнително, граѓаните сведочат и за масовното иселување од Македонија и како сиромашните се чувствуваат кога ги гледаат спомениците на „Скопје 2014“.