Од:

(ВИДЕО)НОВА во Ниш: Рускиот центар воена или хуманитарна база

Сместен на неколку стотина метри од аеродромот во Ниш, руско – српскиот хуманитарен центар, од каде официјално, Руси поаѓаат на помош во вонредни ситуации и случаи на елементарни неволји и технолошки хаварии, не престанува да предизвикува нагаѓања дали зад сето тоа сепак се крие намера на Москва воено да се инфилтрира во овој регион, кој е опкружен со земји членки на НАТО.

Српско – рускиот хуманитарен центар во Ниш е формиран во 2012 година врз основа на Договор помеѓу владите на Србија и Русија. Центарот е регистриран како меѓународна организација и учествувал во надминување на последиците предизвикани од природните катастрофи во Србија, Грција, Словенија и во БиХ.

Во Европа ова е единствен ваков руски центар. Сега Русија бара специјален дипломатски статус за руските државјани вработени во Центарот. Загриженост од функционирањето на центарот неодамна искажаа официјалните претставници на Стејт департментот и американскиот амбасадор во Србија.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова,тврдењата на американскиот дипломат Хојт Ли дека тој ќе стане руски шпионски центар ги нарече измислени обвинувања и се во најлошиот стил на реториката од Студената војна.

Центарот во Ниш е блиску до границата со Косово, каде што САД имаат околу 600 американски војници и 4.000 припадници на мировните сили на НАТО.

НОВА ТВ направи репортажа од центарот и разговараше со заменик – директорот Вјачеслав Власенко.



Comments are closed.