Од:

(ВИДЕО) НОВАТВ во „Дер Шпигел“ – тајните на истражувачките мајстори

Дер Шпигел (Огледало) е германски неделен магазин којшто се продава во германското јазично подрачје во тираж од 840,000 примероци. Основан е во 1947 година од новинарот Рудолф Аустеин со поддршка на британската армија којашто во тој период контролира дел од германската територија. Целта е да се обезбеди поддршка за основање  на независен професионален медиум во повоена Германија. Своето прво големо истражување „Шпигел“ го објавува во 1962  година врз база  на доверливи документи кои покажуваат дека НАТО нема капацитет да ја брани Западна Германија доколку таа биде изложена на воен удар од земјите од Варшавскиот пакт. Тогаш главниот уредник е уапсен со обвиниение дека нанел штети по безбедноста на земјата. Граѓаните на Германија излегуваат на масовни протести за да ја одбранат редакцијата.

Екипата на НОВАТВ беше во посета на редакцијата на „Дер Шпигел“ каде што разговаравме со истражувачките новинари од весникот кој е домаќин на една од најдобрите истражувачки редакции во светот. Овој весник е еден од највлијателните медуими во Европа, а неговите приказни често влијаеле и на текот на политичките процеси во светот. Со децении „Шпигел”важеше за чуварот на демократичните процеси во Европа како еден од ретките весници кој се бави студиозно и сериозно во откривање на големи политички и корупциски скандали во владите и корпорациите.