Од:

(ВИДЕО) Осмомартовски марш – „Не сакам тава, сакам права“

Со пароли и скандирања „Не сакам тава, сакам права“, „Не сакам тава сакам плата“, Платформата за родова еднаквост денеска одржа протестен марш по повод 8ми Март за уназадување на еднаквоста и правата на жената во Македонија.

Како што вели Санела Шкријељ од Платформата, денешниот марш се одвиваше со цел да се испрати порака до институциите за како да се подобри менталитетот и вредностите за жената да не биде во втор план.

– Денешниот марш е глас против она што се случува во нашето општество изминатите 10 години а тоа е назадување во родовата еднаквост и поставување на жената единствено како индикатор за наталитет. За жал тоа се должи на официјалните политики. Ние не можеме да се пофалиме со прогрес, напротив имаме уназадување. Сведоци сме дека ништо не е направено да се подобри системот за жените жртви на насилство и се поголем број жени се еконмски неактивни и немаат пристап на пазарот за труд, вели Шкријељ.

Таа посочи дека тие сметаат и на новите пратенички во Собранието, да го кренат својот глас и во Законодавниот дом да иницираат идеи и решенија за конечно да унапредување на положбата на жената.

Воедно Шкријељ посочува дека не се задоволни со бројката на жените во политиката, а самата математика доволно кажува за тоа, бидејќи бБројот на жените на извршни функции е мал. Во Македонија има само 4 жени градоначалнички.

Платофрмата за родова еднаквост ургира да се работи на превенција и промена на менталитетот, а тоа започнува од најраното образование.

Потребна е превенција и промена на менталитетот од најраната возраст во образованието, но најмногу е до институциите да не промовираат такви вредности. Тие се креатори на политиките и ги наметнуваат нормите, потенцира Шкријељ.

Во Платформата за родова еднаквост членуваат 22 организации. Пред самиот почеток на маршот кој започна на плоштадот Карпошово востание па преку Камени мост заврши во паркот Жена-борец, беше прочитан и т.н. Проглас на жените во кој се побара промена на сите родови нееднаквости во нашето општество.