Од:

ВИДЕО: Политичка порака до Трамп од Оскарите

Годинешното доделување на Оскарите ќе остане запаметено по објавувањето на погрешен филм како победник во категоријата за најдобро остварување, но пред се и по тоа што оваа културна манифестација се претвори во досега најмасовниот протест против американскиот претседател Доналд Трамп.

Во ова најистакнат беше домаќинот и водител на церемонијата Џими Кимел, кој цела вечер го исмеваше претседателот па дури на двапати и напиша твит за време на траењето на настанот, кој во живо се пренесуваше во над 150 држави во светот.

„Оскар“ се гледа во над 225 земји во светот кои сега не мразат. Би сакал да му заблагодарам на претседателот Трамп… Се сеќавате кога „Оскар“ лани изгледаше расистички? Веќе никој не се сеќава на тоа, благодарение на него, рече Кимел отворајќи ја церемонијата, алудирајќи на забраната на Трамп за влез во САД на државјани од седум муслимански земји, како и на скандалот #OscarsSoWhite (Оскар е премногу бел), кога минатата година немаше ниту еден афроамерикански или латино добитник на наградата.