Од:

(ВИДЕО) Професори волонтери за деца мечувалци со Даунов синдром

Биљана Кузмановска – Николовска е тренер по мечување. Таа и нејзини колеги одамна почнуваат една нова ицинијативаа чија што мисија е да им помогнат на децата со Даунов синдром да се вклучат во општественото живеење со сите предизвици и радости како и другите деца. Тие со години бесплатно ги тренираат дечињата со Даунов синдром.

– Идејата ни беше да им овозможиме утре да бидат посамостојни во својот живот. Тоа се деца кои се толку позитивни, кои те пленат со својата душа и почитуваат и знаат кога некој нешто прави за нив, Биљана емотивно раскажува како е да се работи на овие часови.