Од:

(ВИДЕО) Пропуштен рокот за локалните избори, што понатаму

Во втората половина на месец мај истекува мандатот на градоначалниците и советите, а Македонија останува без локална самоуправа. Новото Собрание кое досега одржа само една, конститутивна седница го пропушти рокот да ги распише изборите, за кои според Изборниот законик од денот на распишување до денот на одржување не може да помнат повеќе од 90 или помалку од 70 дена.

Според Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проблемот е веќе настанат.

„Вчера истече рокот за распишување на локалните избори во првата половина на мај, тоа значи дека тогаш истекува и мандатот на градоначалниците и советите и Македонија останува без локална самоуправа“, вели Павловска-Данева.

Таа вели дека градоначалниците, откако ќе им истече мандатот нема да смеат да потпишуваат ништо, а советите нема да можат да заседаваат и да носат општи акти.

„Овластувањата, или барем дел од нив се преносливи, а на советите не се. Советот и неговите одлуки не може никој да го замени. Пренесувањето на одлуките од страна на градоначалниците ќе зависи од случај до случај, „ад хок“ и тоа не е добро. Мислам дека ЗЕЛС треба многу сериозно да се позанимава со ова прашање“, смета професорката.

Од Заедниците на локалната самоуправа велат дека само чекаат институциите на системот да најдат решение за проблемот.

„ЗЕЛС не е институција надлежна да дава мислења и ставови по тоа прашање. Ние чекаме институциите на системот да кажат како ќе се реши овој проблем“, ни одговорија од ЗЕЛС