Од:

(ВИДЕО)Серија А: Спалети удираше глава од маса по новинарско прашање

Лучано Спалети се удираше по глава, а потоа и со главата од маса поради новинарско прашање по мечот со Палермо што Рома го доби со 4:1. Тренерот на „волчицата“ особено го „измести“ прашањето „Постои ли атмосфера околу Рома што не и помага?“.

„Некои новинари доаѓаат на прес-конференција колку да прашаат нешто или само да ме критикуваат. Воопшто не им е гајле дали Рома победила или не“, ја образложи својата реакција Спалети.

Рома е на делба на второто место со Милан со 19 бода по девет одиграни кола, само два помалку од лидерот Јувентус. Но, тимот приреди разочарување за навивачите летоска со елиминацијата во квалификациите за Лигата на шампиони. Римјаните се дел од групната фаза во Лига Европа и имаат пет бода од трите, досега одиграни, меча со Австрија Виена, романска Астра и чешка Викторија Плзен. Тимот од „Олимпико“ во наредното коло во Серија А ќе гостува на Сасуоло.