Од:

(ВИДЕО)Скопјани бараа отчет од Трајановски за мерките за загадување

По разговорот со Трајановски кој траеше нешто помалку од еден час, граѓаните од кабинетот на градоначалникот не излегоа многу задоволни. Според нивните впечатоци, во иднина нема многу да се промени начинот на кој градоначалникот се справува со загадувањето. Кафето пто си го донесоа, го испија на клупите пред бараките на Граадот. 

Неколку граѓани денеска го пречекаа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски пред Град Скопје. Тие велат дека не се задоволни од задоцнетите мерки на Градот за намалување на загадувањето. Според нив, овие мерки не се доволни и градоначалникот Трајановски треба да вложи повеќе за скопјани да не дишат загаден воздух.

Трајановски рече дека денеска на работа дошол со автобус, а возењето било пријатно и немало многу гужва во автобусот. На барање на граѓаните што протестираа, тој ги прими во кабинетот да поразговараат за следните чекори кои градот ќе ги преземе за да се намали загадувањето.

По разговорот со Трајановски кој траеше нешто помалку од еден час, граѓаните од кабинетот на градоначалникот не излегоа многу задоволни. Според нивните впечатоци, во иднина нема многу да се промени начинот на кој градоначалникот се справува со загадувањето. Кафето пто си го донесоа, го испија на клупите пред бараките на Граадот.

Настанот беше најавен на фејсбук под хаштахот ПрвоКафеКајКоце

Граѓаните за утре во 9 часот најавија посета на градоначалникот Андреј Жерновски.