Од:

(ВИДЕО) Светот го вртат парите, а тие се во рацете на 8 моќници

Последниот извештај на „Оксфам“, покажа дека најбогатите осум лица на светот имаат пари колку половина од светското население. Милијардерите поседуваат 426 милијарди долари. Од друга страна, 3,6 милијарди луѓе поседуваат 409 милијарди долари. Првиот супер милијардер за 25 години ќе ја надмине за обичниот човек незмисливата сума од илјада милијарди долари. За да се потроши оваа сума потребно е да се троши 1 милион долари дневно во текот на 2.738 години!