Од:

(ВИДЕО) Тепачка во турскиот парламент за уставните измени

Пратеници од двете најголеми партии во Турција,  владејачката Партија на правдата и развојот и главната опозициска Републиканска народна партија се степаа во парламентот за време за дебатата за уставни промени со кои се зголемува извршната власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

До тепачката дојде откако пратениците на владејачката партија се обиделе да и забранат на опозициската пратеничка Фатма Каплан да ја снима седницата со нејзиниот мобилен телефон.

Пратеници од двете партии потоа почнаа да разменуваат тупаници по што претседателот на парламентот ја прекина седницата.

Опозицијата беше на став дека според Уставот, за уставните измени треба да се гласа тајно.

Според реформите, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе може да назначува и да разрешува министри во владата, да се врати како претседател на владејачката партија и да владее до 2029 година.

Тој главно би владеел со претседателски декрети за повеќе прашања без да му биде неопходно консултирање со парламентот.