Од:

(ВИДЕО) Тероризам во Париз: Вториот напаѓач дошол од Белгија

Еден полицаец е убиен во вооружениот напад вчера на славната авенија Шанзелизе во Париз, додека двајца се тешко ранети. Еден од напаѓачите е убиен, а по вториот е издаден налог за апсење и се верува дека во Париз пристигнал со воз од Белгија.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Претседателот Франсоа Оланд претходно изјави дека е уверен оти се работи за терористилки напад, откако портпарол на Министерството за внатрешни работи, соопшти дека пукањето не е поврзано со кражба како што претходно беше јавено. Напаѓачите намерно пукале на полициска кола.

Париската префектура им советува на жителите и туристите да не одат во овој дел од градот.

Првата реакција дојде од САД од Доналд Трамп кој го испрати своето искрено сочувство до францускиот народ и изјави дека се наведува на тоа дека се работи за тероризам.

Двајца од кандидатите, Марин Ле Пен од екстремно десната партија Национален фронт и десничарот Франсоа Фијон најавија дека ги откажуваат денешните митинзи, на последниот ден на изборната кампања.

Франција во недела го бира својот нов претседател. Тероризмот е една од главните теми на овие избори, особено по нападите во Париз и Ница за кои одговорност презеде терористичката организација Исламска држава.

Оланд изјави дека ќе биде сторено се за да можат изборите во недела да поминат во сигурни услови.