Од:

(Видео) Вода – луксуз за жителите на Горно Оризари на +40 степени

На само десетина километри од најголемиот град во Вардарскиот регион, Велес, селото Горно Оризари, каде што се наоѓа најголемата Бошњачка заедница веќе над два месеци се бори со недостаток од вода.

За нив е незамисливо да се нема вода во 21.век, особено затоа што само една од двете селски чешми е исправна, но недоволна за сите.

Фехим Мујовиќ, кој живее во селото над 20 години вели, иако секоја година се справувааат со недостаток од вода, ова е најдолгиот период кога тие останале без основната потреба на еден човек.

Зенон Дациќ, од здружението „Глас на Оризари“, со кој посетивме неколку куќи во селото, вели вовеле рестрикции во долните делови на селото, за горните да добијат, но и покрај тоа, вода нема.

Дека во моментов најсладок продукт во Горно Оризари е питката вода, потврдува и продавачот Фадиљ Мемиќ, кој раскажува како не памети досега да продал толку вода.

„Господ ми ја дал водата и не смеам да ја забранувам, таков аманет и на децата мои им оставам“, вели Рушид Табаковиќ, кој на време го средил проблемот со водоснабдувањето и во чиј двор секојдневно доаѓаат мештаните за да наполнат шишиња и буриња кои им траат по неколку дена.

Во меѓувреме градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев, смирувајќи ги жителите на Горно Оризари, вели проблемот е привремено решен и дека очекува ваков следното лето овој проблем трајно да биде решен.

Новинар: Влатко Чаловски

Снимател: Трајче Антоновски

Монтажа: Дарко Груевски