Од:

ВИДЕО: Жестоки протести пред инаугурацијата на Трамп

Протестите пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп прераснаа во насилничко кршење на излози, а демонстрантите фрлаат предмети. Тие извикуваат „Кој го е… Доналд Трамп“ и „Чии улици? Наши улици“.  Насекаде се слушаат сирени, а полицијата употребува и солзавец.

Полицајци на велосипеди и мотоцикли се обидуваат да воспостават ред.

Во конгресната зграда, каде што секој момент ќе започне инаугурацијата, пристигна и ривалката на Трамп на изборите, Хилари Клинтон, со сопругот, поранешниот претседател Бил Клинтон.



Comments are closed.