Од:

Виктор Илиески: Култура под тортура, се борам за права на уметниците

Тодор Скаловски се изборил за правата на уметниците пред повеќе од половина век, се борел да се вратат од Љубљана, од Загреб, Белград да добијат стан во Македонија за да може да се изградат институциите на културата во Македонија. А денеска ние разговараме за уметници кои преживуваат во ова општество. Се надевам државата ќе смогне сили да ги им обезбеди демократичност и слобода на уметниците кои што останаа во Македонија, а со тоа и подобар статус, вели младиот тромбонист од Македонската филхармонија Виктор Илиески кој е претседател на Синдикатот на култура во Македонија.

Виктор Илиески е тромбонист во Македонската филхармонија и претседател на независниот Синдикатот на културата. Формирањето на овој синдикат не одеше лесно, затоа што го бојктораа неговото регистрирање, впрочем како и со многу други независни синдикати кои што не се под контрола на власта. Музиката е неговата прва љубов и токму затоа тој се бори за подобар статус на уметниците. Првите музички почетоци на Илиески се во родното Крушево, а денес тој е дел од четири други оркестри, а особено е горд на „No borders ochestra“.

„Делувам уште од самиот почеток кога се вработив во процесот на барање на подобар живот за уметниците во општеството. Замислете Министерството на култура да навива за синдикат кој што ним им одговара, направија упади да им го ограничат правото на уметниците за луѓето да не можат да ја изразат својата желба да припаѓаат во оној синдикат во којшто сакаат“, вели Илиески.