Од:

Владата најави драстични кратења, за опозицијата тие се тенденциозни

Во продолжението на расправата за ребаланс на Буџетот во Комисијата за финансирање и буџет што започна денеска, претседателката на Комисијата Лилјана Кузмановска од вМРО ДПМНЕ рече дека од презентираното од министерот за финансии се заклучува дека новата Влада не предвидела зголемување на пензиите и социјалната помош, туку за вработувања, кои според неа се партиски.

-Нема зголемување на пензиите, ова пензионерите треба да го знаат. Нема зголемување на социјалната помош нешто што е еден од проектите на ВМРО-ДПМНЕ во текот на изминатите години, одговорете зошто се прекинува тој ланец на добри политики за пензионерите и  за социјалните категории на граѓани, потенцираше Кузмановска.

Лилјана Кузмановска ВМРО ДПМНЕ

Таа исто така упати забелешка и на податокот дека капиталните инвестиции се намалени за 3.5 милијарди денари, или 58 милиони евра.

-Сега зошто и каде се крати, односно каде се алоцирааат средствата со овој ребаланс, кажавте вие за радиодифузната такса, за субвенционирање, но граѓаните мораат да знаат каде се зголемуваат ставките. Значи се зголемуваат за плати во Агенцијата за разузнавање, во Комисијата за зашитата на конкуренција, Државната комисија за жалби по јавни набавки, во делот на привремени вработувања во Владата на Република Македонија, рече Кузмановска.

Таа се повика на препораките на Прибе каде според неа се укажува да нема привремени вработувања. Таа исто така реагираше дека се намалуваат средствата во образованието.

-Значи зголемување на сите агенции и регулаторни тела во делот на плати, тоа не е буџет кој значи штедење и тоа не е реформски буџет. Кратењето е најголемо што е исто така многу важно во делот на образованието и сакам да слушнам зошто во ова министерство се направило најголемо кратење, праша Кузмановска.

За пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, предложениот ребаланс е „класична козметичка измена на Буџетот со цел предизборно пред локалните избори да и се даде на јавноста неколу работи со кои Владата ќе добие поени“

Тука тој ги посочи мерките субвенционирање минимална плата, материјално обезбедување на стечајците, субенционирање на МРТВ и укинување на радиодифузната такса и поддршка на мали и среди претијатија, што ќе чини 14,1 милиони евра.

-Ако сме грешеле, во ред, сме грешеле и еве паднавме. Зошто е сега пак исто? Не критикувавте, а сега вие пак не  задолжувате?, рече Мукоски, обраќајќи му се на министерот Тевдовски дека ќе има тешка работа.

Тој посочи дека Владата ги крие новите вработувања предвидени во државните институции.

На почетокот на седницата, ребалансот го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски кој рече дека основна цел на предложениот ребаланс е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата Влада.

Тој истакна дека на расходната страна сериозно намалување има кај расходите за стоки и услуги кои се скратени за 2 милијарди денари во однос на иницијалната проекција. Осумстотитни и четириесет амандмани стигнале до собраниската комисија за финансирање и буџет –  706 поднела ВМРО-ДПМНЕ, додека останатите  134 амандмани се од партии од албанскиот политички блок.

Расправата по предложениот ребаланс, според Деловникот на Собранието, во Комисијата може да трае 10 работни денови.