Од:

Власта сака да го задржи Живко Митревски на чело на ССМ

Зошто власта сака да го уништи синдикалното движење? Што се случуваше ноќта на Божиќ, кога синдикалците беа нападнати и тепани во зградата на ССМ? За тоа како Живко Митревски  не ги пушта во зградата синдикалците од МЗТ Леарница кои протестираат бидејќи 10 месеци немаат земено плата. Дали ОЈО ќе пресече во случајот со Синдикатот на одбраната и безбедноста каде незаконски е сменет претседателот? Се очекува ли новата Влада да направи деполитизација на ССМ? Можно ли е Европската конфедерација да го исклучи и изолира ССМ од европските текови? Во ПРОЦЕС зборуваат Дарко Димовски в.д престедател на ССМ, Ристо Ајтов од Синдатот на одбраната и безбедноста и Љупчо Чакаловиќ, синдикат на МЗТ Леарница. Живко Митревски ја одби поканата со образложение дека тоа е завршена работа и дека институциите застанале зад него.