Од:

Влијание врз сведоци и закани до СЈО во случајот со донаторите на ВМРО

Се вршело влијание врз сведоци во случајот со истрагата поврзана со финансирањето на изборите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти обвинителката Ленче Ристоска од Специјалното јавно обвинителство на денешната прес конференција. Според неа, СВР Охрид не успеала да достави покани до повиканите сведоци кои се донатори на партијата од Охрид на речиси две третини од повиканите, а сепак, истите знаеле дека се повикани и излегле на протест. Поканите ги имал началникот на СВР Охрид чија што задача била истите да ги достави. Ристоска обвини дека лица од партијата кои дошле им се заканувале во присуство на началникот.

Испративме покани преку СВР Охрид до сведоците кои беа повикани. Сепак, дел од поканите не беа доставени. Од 185 дури 55 покани не беа доставени на лицата. На денот имаше и протест од одредена политичка партија. Сведоците не се повикани затоа што се членови на партија, туку заради постоење на други околности кои се поврзани со истрагата. Кога бевме во Охрид беше побаран состанок со организаторите на протестот од партијата. Од тие лица кои дојдоа, во присуство на началникот на СВР Охрид ни беа упатени закани по што го известивме министерот за внатрешни работи. Интересно е како луѓето кои не добиле покани знаеја дека се сведоци.