Од:

ВМРО ДПМНЕ го обвини СЈО за хајка и за притисок и уцени врз членовите

ВМРО ДПМНЕ во соопштението денеска го обвини СЈО дека врши хајка против партијата и врши уцени и притисок врз членови на партијата.

-Наместо да го гони криминалот, Специјалното Јавно Обвинителство го штити и аболицира криминалецот Зоран Заев и понизно ги спроведува неговите нарачки.

Катица Јанева го даде крунскиот доказ дека платеничката револуција за наводна нејзина поддршка, била всушност платеничка револуција во режија на Сорос/СДСМ само за да се спасат од кривичен прогон Заев, Верушевски и останатите членови на нивното злосторничко здружение.

СЈО пред целата јавност уште еднаш докажа дека е најобична маша на СДСМ.

Катица Јанева уште еднаш потврди дека не е специјален туку селективен јавен обвинител кој понизно игра како што свири аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Јанева прави медиумски спектакли во случаи без покритие, само за да ги задоволи потребите за пропагандата од фабриките за афери на СДСМ.

Јанева и СЈО немаат срам. За нив врвна команда се заповедите од Заев и неговите соработници, се вели во соопштението.

Од ВМРО ДПМНЕ уште истакнуваат дека „хајката која ја водат против ВМРО-ДПМНЕ деновиве ја доживеа својата најапсурдна епизода“, преку како што се наведува последните обиди „масовно, како во најлошите комунистички времиња, да се закануваат, уценуваат и вршат притисок масовно на членови на ВМРО-ДПМНЕ“.