Од:

ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинарите од А1он

ВМРО-ДПМНЕ го осуди преку соопштение нападот на екипата на интернет порталот А1он на вечерашниот протест.

“ВМРО-ДПМНЕ принципиелно, како и досега, смета дека е крајно недемократски и непримерно да се напаѓаат медиуми и екипи поради нивното известување за настани и случувања.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој немил настан, исто како што претходно го осуди нападот на новинарската екипа на МРТ на митинг на СДСМ, нападите врз новинарите Антонио Димитриевски, Јанко Илковски, Дејан Николовски, Ивона Талевска, заканите по живот за новинарите на порталот Курир, демолирањето на РСМ и слични инциденти кои ги предизвикуваа членови, активисти и симпатизери на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го разрешат случајот и да ги санкционираат поединците кои го предизвикале овој инцидент”, вели реакцијата.

Партијата вели дека “нападите врз медиумите и новинарите беа заштитен потпис токму на хулиганите на СДСМ/Сорос кои демолираа медиуми” и додава дека “СДСМ треба да собере сили и да ги отфрли уцените кои внесуваат тензии меѓу граѓаните и носат ризик за дестабилизација на земјата”.

На крајот, ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ “да престане да оди спротивно на државните и националните интереси” и да ја прифати “подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ” ако се “откаже од антидржавната агенда”.