Од:

ВМРО-ДПМНЕ: Новата Влада само укинува реформи   

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини владејачката партија дека откако е дојдена на власт единствено нешто што прави е укинува реформи и работи на штета на граѓаните.

„Откако СДС е на власт, единствено што се реализира се антиреформи. Граѓаните се сведоци само на укинувања, уривања и блокади. Последна антиреформа во низата е укинување на дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да биде слушнат гласот на илјадниците студенти кои ја користеле и ја користат оваа поволност. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е заради тоа што дисперзираните студии се мерка која беше воведена од страна на владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ“, пишува во соопштението на опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните од новата влада не очекуваат антиреформи кои никому не му носат корист.