Од:

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е срам за правосудниот систем

Реагирајќи на информациите на СЈО, дека секое лице повикано како сведок е должно да се јави на поканата, ВМРО-ДПМНЕ и посочува на специјално формираната институција дека правото на протест е загарантирано со Уставот на Република Македонија.

– Заканите од страна СЈО упатени по одржаниот протест се уште еден чин кој се коси со највисокиот правен акт. ВМРО-ДПМНЕ го разбира и поддржува револтот на охриѓани против политичката хајка која по нарачка ја спроведува селективното јавно обвинителство. СЈО е срам за правосудниот систем, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека повикувањето на околу 200 лица, е дискриминација, бидејќи биле повикани лица кои се членови на една политичка партија.

– СЈО аболицира криминалци како Заев и Верушевски, а им се заканува на чесни луѓе чиј единствен грев е нивната политичко-идеолошка определба и тоа што одлучиле да донираат за сопствената партија. СЈО мора да почне да работи законски. Наместо да продолжува со заканите кон граѓаните, СЈО мора да истражи кој ја нарушува тајноста на истражната и предистражната постапка, постојано лиферувајќи информации по порталите под контрола на СДСМ/Сорос во врска со лицата кои се покануваат на распит, се вели во реакцијата на партијата со која раководи Груевски.

Партијата тврди дека не е против СЈО, туку против селективното, непрофесионално и политичко делување.