Од:

Во 2014 година од Македонија заминале 4208 граѓани

Во 2014 година од Македонија заминале 4208 граѓани, се констатира во анализата на Заводот за статистика за миграции. Според оваа анализа убедливо најголем број на емигранти се од Охрид, 375 а на второ место според бројката на граѓани кои ја напуштиле Македонија се жители на Тетово, 117. Според етничка припадност најмногу иселеници се етнички Македонци додека на второ место се етничките Албанци. Најголем процент на иселеници, како што покажува анализата на Заводот за статистика се лица кои имаат професија. Меѓу нив најборјни се оние со средно образовение додека на второ место се лицата со високо образовение.

Најпосакувана дестинација на емигрантите се САД каде што се иселиле најголем дел од граѓаните. Веднаш зад САД како дестинација на македонската емиграција во 2014 е Австралија, потоа Германија по која следат Швајцарија и Канада, се констатира во извештајот на Заводот за статисика.