Од:

Во акција на МВР, шест лица уапсени за продажба на наркотици

Шестмина, од вкупно осум осомничени лица, биле уапсени во вчерашната акција на МВР против организирана криминална група која подолго време се занимавала со продажба на наркотици на територијата на целата држава, соопшти денеска

Во акцијата, која МВР ја спровело осомничени се лица од Прилеп, Битола и Арачиново. Двајца од осомничените, како што информираат од МВР не се достапни за органите на прогонот.

На петмина од уапсените судот им одредил мерка притвор, а на еден куќен притвор.
Надлежниот јавен обвинител издал наредби за вештачење на траги од дрога, вештачење на ДНК и на наркотични супстанци што биле најдени за време на полициската акција.

Во текот на акцијата биле запленети околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, помеѓу 8 и 10 килограми марихуана и 570 таблети – екстази.