Од:

Во Чеченија се затвораат хомосексуалци во концентрациони кампови

Над 100 мажи хомосексуалци се наоѓаат во затвор налик на концентрационите логори во рускиот регион Чеченија, објавија локалните весници и организациите за човекови права.

Апсењата се дел од широка акција во областа, насочена против геј популацијата. Затворските кампови се први од ваков тип направени по Втората севстска војна.

Информацијата за првпат ја обелодени Новаја Газета, независен руски весник, кој објави дека мажите се упасени и се чувани во затвори налик на концентрациони логори каде се изложени на насилство и злоставување.

Репресијата против ЛГБТ популацијата започна по барањето за хомосексуални права кое беше покренато во март во главниот град на Чеченија, Грозни.

Затворскиот камп, според сведочења на очевидци, е сместен во градот Аргун.

Извештајот беше објавен на 1 април, по што беше побарано од портпаролот на Министерството за внатрени работи на Чеченија, да се изјасни дали се работи за првопаприлска шега.

Портпаролот на шефот на државата Рамзан Кадиров, извештајот го нарече лага и изјави дека во Чеченија нема хомосексулаци.

-Доколку и има вакви луѓе во Чеченија, институциите кои го спроведуваат законот нема потреба да се занимаваат со нив, бидејќи нивните роднини ќе ги испратат некаде од каде нема враќање, изјави тој.

Организациите за човекови права ги потврдија информациите објавени во Новаја Газета.

– Веќе неколку недели, во Чеченија се спроведува брутална кампања против ЛГБТ заедницата. Челниците на институциите за спроведување на законот и за безбедност под контрола на бескрупулозниот лидер на Чеченската република Рамзан Кадиров, уапсија десетици мажи под сомнение дека се хомосексуалци, кои се изложени на тортура и понижување, се вели во извештајот на Хјуман Рајтс Воч.

-Некои мажи се исчезнати. Некои се вратени во семејствата едвај живи од претепување. Најмалку тројца починале од почетокот на бруталната капања, се вели во извештајот.