Од:

Во Египет убиени седум борци на ИСИС, планирале нови напади

Безбедносните сили на Египет убија седум борци на Исламската држава кои планирале нови напади врз христијани, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Убиствата се случиле во градот Асиут, само еден ден откако владата прогласи тримесечна вонредна состојба.

Седумте милитанти се застрелани откако почнале да пукаат кон безбедносните сили. На местото на престрелката најдена е муниција, но и пропаганден материјал за Исламската држава.

Во Египет е прогласена вонредна состојба по двата бомбашки напади врз верски објекти во кои загинаа најмалку 44 луѓе, а за три недели во земјата присуство најави папата Франциско.

 

Првиот напад се случи во црквата Свети Марко, каде се наоѓал коптскиот врховен верски лидер Тавадрос Втори, додека вториот во Танта, стотина километри од Каиро, среде прославата на Цветници во црквата Мар Гиргис.

Одговорноста за двата напади ја презема Исламска држава .