Од:

Во февруари Скопје ги надмина годишните стандарди на загадување во ЕУ

Заедницата на еко-активисти „Скопје Смог Аларм“ денеска преку соопштение укажува дека Скопје уште во февруари ги го надминува годишните ЕУ стандарди за аерозагадување, што, според нив е е „срамен потсетник за еколошката и здравствената катастрофа која ја преживуваат граѓаните на Скопје“.

-Во Европската Унија лимитот за концентрации на ПМ10 честички впросечени во 24 часа е 50 µg/m3.   Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година.  На 20 февруари 2017, овие ЕУ стандарди се надминати на сите мерни станици во Скопје, се наведува во соопштението.

Тие оваа ситуација ја илустрираат со табела на вкупниот број надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во денови),  на секое мерно место во Скопје во првите нецели два месеци од оваа година, заклучно со 20-02-2017 во 00:00

Станица Вкупен број надминувања (до 20.02.2017)1 Дозволен број на надминувања годишно2
Центар 41 35
Карпош 40 35
Лисиче 45 35
Гази Баба 45 35
Ректорат (УКИМ) 46 35
Миладиновци (Општина Илинден) 42 35

1Извор: Министерството за животна средина и просторно планирање [http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=1507]

2Извор: Европска комисија (http://ec.europa.eu/environment/air/quality/standards.htm)

Притоа од оваа граѓанска организација потсетуваат дека Светската банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно умираат 1,350 граѓани, што значи дека секоја година ни се случува таканаречен екоцид .

Тие апелираат до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија и до граѓаните да користат јавен превоз, велосипед или да споделуваат превоз.

Ова писмо тие го доставиле и до Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Делегација на ЕУ во Македонија, Канцеларија на Обединетите Нации во Македонија,  до амбасадите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија и до Гринпис ЕУ.