Од:

Во Франција поради радикализам затворени 20 џамии

Од декември минатата година досега се затворени околу 20 џамии и молитвени сали во Франција поради ширење на исламски радикализам, а во тек е постапка за протерување на екстремистички проповедници, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.

„Во Франција нема место за оние кои во молитвените простории и џамии повикуваат и предизвикуваат омраза и не почитуваат одредени републикански начела, а особено мислам на еднаквоста меѓу жените и мажите“, изјави министерот.

Казнев рече дека ќе бидат затворени уште џамии, со оглед на информациите со кои располага полицијата. Тој потрвди дека од 2012 се издадени и 80 барања за протерување на радикални свештеници.

Во Франција има околу 2500 џамии и молитвени сали од кои наводно 120 пропагираат фундаменталистичка салафистичка идеологија.