Од:

Во Германија има банкнота од 0 евра

Германија испечати серија банкноти со вредност од 0 евра. Согласност за тоа дала Европската централна банка, а банкнотите ќе се продаваат како сувенири. Со самото тоа што има вредност од 0 евра банкнотата нема никаква вредност и не може да се користи во трговијата.

Сепак, банкнотите се испечатени на истата хартија како и сите регуларни и се применети сите заштитни мерки, вклучувајќи и холограми и водени жигови. Вкупно се направени 5.000 банкноти, а на нив е прикажан едреникот на германската морнарица Gorh Fok 2 од 1958 година.

Банкнотите веќе може да се купат и ќе чинат 2,5 евра.