Од:

Во Македонија за шест месеци ќе избувне епидемија од ХИВ и СИДА

Наместо да ја преземе одговорноста и да продолжи да финансира во превенција на ХИВ по заминување на Глобалниот фонд, Владата драстично го намали буџетот. Со тоа ја стави земјата во опасност од епидемија која може да избувне во наредните шест месеци до една година. Во ПРОЦЕС на оваа тема говорат  Христијан Јанкулоски извршен директор на ХОПС и Елизабета Божиновска од ХЕРА, двајцата од Платформата за превенција, грижа и поддршка за ХИВ.