Од:

Во потрага по биолошките родители – озаконети тајни и злоупотреби

Зошто посвоените деца не смеат да знаат кои им се биолошките родители? Зошто само во Македонија податоците за посвојување се службена тајна? Зошто законот ги штити родителите, а не и децата? Вака уреден, законот отвора можност за злоупотреби, инцести и непознавање на наследните болести. Игор Славковиќ кој ја бара неговата биолошка мајка ја раскажа својата животна приказна, а на оваа тема во ПРОЦЕС зборуваат и правничката Маргарета Куртиќ и извршниот директор на Меѓаши, Драги Змијанац.